Охрид, 12. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – По хит сингловите „Detox“ и „Sunshine state of mind“, полската музичарка Sara James го претстави новиот „Psycho“, кој ги истражува дилемите кои ги имаат младите луѓе додека го спознаваат светот околу себе.
Sara на новиот материјал работеше со цел тим продуценти кои под името HitImpulse работеле со имиња како AJ Mitchell, Ava Max, Kygo и Ellie Goulding. Песната „Psycho“, за Sara има посебно значење, затоа што, како што и таа вели, како млада влегла во светот на музичката индустрија и го почувствувала на свои плеќи целиот притисок кој таа го носи.
– Сите сме само луѓе и се соочуваме со различни емоции постојано. И тоа е во ред, вели Sara.
Неодамна таа го најави деби албумот „Playhouse“, на кој работеше полни три години.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива