Охрид, 11. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Британско-германскиот пејач и мултиинструменталист Sebastian Schub го објави својот деби-сингл „Sing Like Madonna“, песна која е во копродукција со Steve Fitzmaurice, кој има зад себе соработки со имиња како Sam Smith и Glen Hasnard.
Со само 17 години Sebastian започна да настапува и да ги усовршува своите вештини на open mic вечери во Лондон.
– Тие барови беа совршено училиште за мене. Секогаш имаше директен одговор од публиката, кој често беше брутален, вели Sebastian.
Неговиот карактеристичен и длабок баритон, во комбинација со неоспорниот талент се покажаа како добитна комбинација, а синглот „Sing Like Madonna“ е доказ за тоа.
– Оваа песна е родена од желба да значи нешто, да се реализира можноста да се остави трага, вели музичарот.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива