News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 15, 2024

Охрид, 15. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Великаните на светската рок-сцена The Cure, по 16-годишна пауза го објавија новиот сингл „Alone“, симфониска балада која го најавува и објавувањето на новиот албум.

Бендот веќе две години ја изведува новата песна во живо на почетокот на секој концерт, но овој пат конечно пристигнува како прв сингл од нивниот претстоен албум „Songs Of A Lost World“, кој треба да излезе на 1. ноември.

– Ова е песната што го најавува целиот албум. Извесен период се мачев да го најдам вистинскиот начин да го започнам албумот, работев само со идејата како е да се биде сам и некакво чувство кое ме следеше цело време. Кога го завршивме снимањето се сетив на песната „Dregs“ напишана од Ernest Dowson и во тој момент знаев дека песната и албумот се вистински, изјави Robert Smith за синглот „Alone“.

Групата The Cure е формирана во 1978 година и моментално има над 30 милиони продадени албуми ширум светот и се членови на Рокенрол Куќата на славните од 2019 година. Последниот албум на The Cure беше „4.13 Dream“ од 2008 година, кој се искачи на 16-то место на Billboard 200 листата.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука