News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 23, 2024

Охрид, 23. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – The Weeknd го претстави вториот сингл од неговиот претстоен албум, насловен „Timeless“ – соработка со Playboi Carti.

Продуциран е од Pharrell Williams и ја означува втората соработка на The Weeknd со Carti, по нивниот хит „Popular“ со Madonna.

Овој пат, нивната креативна хемија доаѓа до израз во иновативната музика која едноставно ги урива ситераници. Синглот го најавува и претстојниот албум „Hurry Up Tomorrow“, едно од најочекуваните изданија на годината и последното поглавје од трилогијата што ги вклучува албумите „After Hours“ во 2020 и „Dawn FM“ во 2022 година.

The Weeknd повторно е најстримуваниот изведувач на Spotify, со повеќе од 106 милиони месечни слушатели. Тој е првиот изведувач кој достигна бројка од 100 милиони слушатели во февруари 2023 година.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука