јули 18, 2024

Охрид, 18. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Глобалната поп-панк сензација YungBlud го претстави новиот сингл „Breakdown“ кој ги охрабрува луѓето да живеат и да уживаат во животот и покрај тешките времиња.

Синглот во поп и хип-хоп стил носи сериозни текстови кои имаат за цел да ја подигнат свеста за менталното здравје и самоубиствените мисли, но на крајот испраќа позитивен заклучок дека треба да се биде среќен.

– Ја напишав оваа песна затоа што имав една од најтешките години во мојот живот. Понекогаш е тешко да станеме од кревет, да ги исполниме обврските, многумина од нас се чувствуваат безначајни. Оваа песна е порака што си ја испраќам себеси, да се обидам да постојам заедно со моите несигурности и темни страни и да успеам да се сетам на она што е навистина вредно во животот бидејќи овој свет е многу поголем од мене, порача YungBlud за новата песна.

Уметникот ќе го зацврсти својот статус на музичката сцена со свој фестивал наречен BludFest, кој ќе се одржи во Англија на 11-ти август и ќе собере многу познати имиња од индустријата.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука