Охрид, 12. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва од 20:00 часот на сцената кај ТЦ „Амам“ ќе се одржи театарската претстава за деца „Разгалениот принц“.
Претставата е детска комедија, со многу едукативни и педагошки елементи кои се од особено значење за децата. Продукцијата е на Театар Хит од Скопје, а играат актерите Магдалена Ризова – Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов.
Изведбата на претставата е во рамки на проектот на Општина Охрид за најмладите охриѓанчиња „За сите деца“, под мотото „Културата расте со децата“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 61