Taste Atlas: Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите 100 национални кујни во светот
декември 12, 2024

Скопје, 12. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Популарниот гастрономски портал за храна и патувања, Taste Atlas објави листа на 100 најдобри национални кујни во светот за 2024-2025 година на која Македонската кујна го зазеде 47. место, со оценка 4,16 од 5.

На гастрономската платформа има повеќе од 10.000 јадења и пијалаци. Се препорачуваат и традиционални јадења и автентични ресторани. Годинашните ранг-листи се креирани врз основа на речиси 400.000 оценки за храна и 115.000 оценки за прехранбените производи.

 

На првите 10 места меѓу државите, се наоѓаат: Грција (со оценка 4,6 од 5), Италија, Мексико, Шпанија, Португалија, Турција, Индонезија, Франција, Јапонија и Кина.

Во однос на македонските специјалитети, во рубриката „Мора да се проба“, највисоко рангирани се зелникот и макалото (со оценка 4,5 од 5), па сарма (4,4), ајвар и охридска пастрмка-со истата оценка. Меѓу пијалаците се истакнати вината „Шато Камник“ и „Тиквеш“.  (Крај)

извор: Независен фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука