јули 16, 2024

Охрид, 16. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 49-годишна возраст почина Thomas Brückner, светски познатиот Dj роден во Минхен, најпознат по електро-хаус хитот „Loneliness“ од 2002 година.

Во објавата споделена на страниците на социјалните мрежи на уметникот, неговото семејство потврди дека тој починал вчера, без да ја откријат причината за смртта.

– Со тешко срце ве информираме дека вчера, на 15-ти јули 2024 година, почина нашиот сакан татко и сопруг. Засекогаш ќе те носиме во нашите срца и ќе те сакаме додека повторно не се сретнеме, стои во објавата.

Пред само три дена, Brückner сподели објава на Instagram со неговиот Dj сет на фестивалот Steinbruch Open Air. Во објава на Facebook во која му оддава почит на својот пријател, Dj Westbam напиша дека настапил заедно со Brückner пред само две недели.

– Разговарав со него пред три дена и тој рече дека закрепнува од грип, но дека е добро и дека е расположен. Tom имаше фантастична нова музика и со нетрпение очекуваше да настапи со сите нас на Rave The Planet, но не требало да биде така. Тоа е навистина потресно. Почивај во мир брату мој, напиша тој.

Brückner ја започна својата кариера во Минхен во 1994 година, со комбинација од техно и прогресивен транс стил. Неговата деби песна „This Is No House“ беше објавена во 1995 година. Тој се запозна со својот долгогодишен соработник Eniac во 1996 година, со кого продолжи да продуцира песни како „Viva“, „Prozac“, „Silence“ и во 2002 година, одличната „Loneliness“.

Tomcraft продолжи да биде Dj и да прави музика, настапувајќи пред 1,3 милиони луѓе на Love parade во Берлин во 2003 година, како и на бројни фестивали и клубови ширум светот. Тој објави четири албуми, а последниот „For The Queen“ го издаде во 2007 година. Неговиот најнов сингл, „Rude Place“, беше објавен во март оваа година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука