Охрид, 23. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Балканскиот полуостров не е важна туристичка дестинација како другите места во Европа, но оваа често занемарена област има сè, од чисти плажи до недопрени планини, од урбани градови до археолошки паркови, а цените се пониски од некои познати туристички дестинации во западна Европа – пишува познатата веб-страница www.theculturetrip.com, за овој дел од светот.
На своите читатели им советуваат што побрзо да го посетат Балканот, пред останатите да дознаат колку е убав, пренесе порталот факултети.мк.
– Ако барате опуштена атмосфера и неверојатни погледи, Охрид е вистинското место за вас: овој прекрасен град се наоѓа покрај едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа, Охридското Езеро. Градот е една од најпопуларните летни дестинации на Балканот, а во пролет и есен го задржува својот шарм и на посетителите има нуди неверојатни места за посета, пишува веб-страницата за Охрид, кој се најде меѓу осумте градови на Балканот што треба да се посетат.
Целосната листа:
извор: theculturetrip.com/факултети.мк фото: ОхридПрес