The Cure го објавија live албумот „Songs Of A Live World: Troxy London MMXXIV“
јануари 1, 2025

Охрид, 1. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот британски пост-панк бенд The Cure го објави live албумот „Songs Of A Live World: Troxy London MMXXIV“, снимка од концертот кој се одржа на 1. ноември пред 3.000 најверни фанови во Troxy арената во Лондон.

На настапот тие го промовираа новиот албум „Songs Of A Lost World“, што беше единствениот настап оваа година кој одеше во живо на нивниот YouTube канал и беше следен од повеќе од еден милион луѓе ширум светот. Целокупниот приход од овој албум ќе оди во добротворни цели.

The Cure работат од далечната 1978 година и имаат над 30 милиони продадени албуми ширум светот со импресивна биографија, што сосема оправдано ги прави еден од највлијателните британски бендови на сите времиња.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука