Струга, 3. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Прилепскиот алт-рок бенд „The Hounds“, кои се вистински мајстори за рок свирки, викендов ќе понудат одлична музика за стружани.
Во сабота, тие ќе имаат свирка во Club Revolution во Струга.
„The Hounds“ веќе се докажани на музичката сцена во Македонија. Настапуваат по локалите низ македонските градови, а паралелно работат и на нивната авторска музика. Актуелни се со синглот „Кај ни се срцата“, кој го издадоа кон крајот на минатата година.
За време на нивната свирка во сабота во струшкиот Club Revolution е најавена промоција на пијалоци. Од претставништвото на фирмата Philip Morris, за посетителите ќе има и награди и многу изненадувања.
Забавата ќе започне во 22:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 25