јули 26, 2024

Охрид,. 26. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охрид и Скопје се двата македонски града што се дел од петте локации на Балканот во кои дигиталните номади со помал буџет се чувствуваат како кралеви, според изборот на порталот Travel Off Path, кој нуди новости и совети за туристите.

Македонија е единствената земја од која се посочени два града, а освен нив, порталот специјализиран за новини за патувањето што им се потребни на туристите, титулата Балкански рај за дигиталните номади, особено на почетниците со потенок буџет, им ја дава на Темишвар во Романија, Будва во Црна Гора, Ксамил во Албанија и Нови Сад во Србија, јави vecer.press.

За Охрид наведува дека има изобилство од ресторани по пристапни цени, каде што оброците може да чинат незначителни пет долари, но има и добро опремени работни простори, каде што може да се изнајми биро за 85 долари месечно. Месечните трошоци на модерните номади во Македонија, преку AirBnb, почнуваат од 573 долари, а вкупните се во просек 1.331 долар, што е за 28 проценти поевтино од просечното изнајмување стан во САД.

Сепак, како што стои во текстот, овие градови означени како номадски рај се само транзитни зони додека се добие виза за дигитален номад во Шпанија или во Италија. (Крај)

извор: vecer.press фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука