Лондон, 20. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – По неколку месечна пауза, во арената Electric Brixton во Лондон се враќаат на сцена Deeper Sessions забавите.
Новата сезона на овие забави утре ја продолжува дуото Tube & Berger. Тие ќе настапат како специјални гости, а ќе им се придружат и артистите како Claptone, Coyu, Weiss, Paji (Live) & In.deed.
– За сите оние кои досега не сте не гледале во вакво светло, утрешната забава ќе биде вистинско задоволство, кое не треба да се пропушти. Имавме неколку клучни забави на Ибица, а во лондон продолжуваме да ја шириме Deep House културата, пишуваат Tube & Berger на својата страница на Фејсбук.
Забавата која почнува утревечер во 22ч по средно европско време, ќе трае до раните утрински часови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива