Скопје/Охрид, 12. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Авиокомпанијата TUI Airways со седиште во Велика Британија не планира да ги обнови сезонските летови меѓу Лондон „Гетвик“ и Охрид наредното лето.
Истовремено од авиокомпанијата е соопштено дека планира да ги обнови летовите меѓу Манчестер и Охрид, што исто така започна оваа година, и тоа со зголемена фреквенција од еден на два летови седмично.
„TUI fly“ од Холандија што исто така е дел од TUI групацијата ќе продолжи со летовите од Амстердам за Охрид. На почетокот на оваа година авиокомпанијата Wizz Air ги прекина летовите меѓу Лондон „Лутон“ и Охрид.
Во периодот од јануари до август, охридскиот аеродром опслужил 186.692 патници, што е за 17 проценти повеќе споредбено со минатата година, но е пад од 13,3 проценти во однос на 2019 година. (Крај)
извор: nezavisen.mk фото: архива