Охрид, 9. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот артист со псевдоним Che веќе подолго време се занимава со музика, конкретно со рап и ширењето на Hip-Hop културата.
По подолго време творење, тој успеа да направи чекор напред и го издаде свој прв видео спот за песната „Veni, Vidi Vici“.
– Станува збор за првиот видео запис од страна на новата продукција Kirachky. Охридскиот рап артист во иднина најавува зголемена активност и повеќе песни и видео записи, а веќе работи на својот прв соло албум, порачуваат од тимот на Che.
Тој додава дека се надева на поддршка од неговите охриѓани. (Крај)
извор: ОхrидПрес фото/видео: Kirachky
Прочитано: 21