јули 29, 2019

Скопје/Охрид, 29. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Нискобуџетната компанија WizzAir ќе оперира со четири нови авиодестинации кои се достапни за граѓаните од земјава од аеродромите во Охрид и Скопје.

Од први август се воведуваат летови од Скопје до Турку, Финска и Ларнака, Кипар, а од Охрид до Меминген и Дортмунд во Германија.

Покрај новите четири дестинации, на први август ќе биде промовирано и поставувањето на петтиот воздухоплов на базата на WizzAir во Скопје.

WizzAir од двата аеродрома во земјава опслужува околу 40 дестинации. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука