Охрид, 22. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – По успехот на синглот „Walk Away“, младиот Yon Idy го објави новиот, „Reflections“, песна за измешаните емоции кога љубовната врска е прекината.
Yon ја напишал како писмо до својата сакана и вели дека овој сингл му е омилен до сега.
– Понекогаш сфаќаме дека врската не треба да продолжи, иако емоциите се сè уште присутни. Изборот е тежок, а уште потешка е одговорноста што ја имаме кон другата личност и одлуката на кој начин си заминуваме, вели Yon.
Како комплетен автор на своите песни, тој вели дека секогаш пишува од срце и се надева дека неговата публика се препознава во неговите стихови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 62