Бурно деноноќие во Охрид и Струга: Физички напади, пронајдена дрога…
октомври 14, 2024

Охрид, 14. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информациите од последното издание на полицискиот Билтен сведочат за бурно деноноќие на територијата на СВР Охрид.

На 13-ти октомври 2024 година, во 20:00 часот, на улицата „Прва македонска ударна бригада“ во Охрид, приведен е 19-годишник од Охрид, кој претходно на спортско игралиште во охридската населба „Видобишта“ го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз малолетник од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13-ти октомври 2024 година, во 03:00 часот во угостителски објект на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид привеле 36-годишно лице од Куманово затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13-ти октомври 2024 година, во 17.30 часот на шумски пат во атарот на струшкото село Присовјани, полициски службеници од ОВР Струга пронајдоа товарно возило марка „Мерцедес“ без регистарски таблици натоварено со околу осум метри просторно, нежигирано огревно дрво. Возилото и дрвото се одземени и предадени на Шумската полиција од Струга за натамошна постапка. По целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13-ти октомври 2024 година, во 17:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на паркинг простор кај Плоштадот „Крушевска република“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на лице од Битола врз 40-годишник од Охрид. По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука