Охрид, 21. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На покана на Веслачкиот клуб „Палиќ“ од Република Србија, охридските веслачи од клубот „Горица Ремо“ отпатуваа на Rowle Ergo штафета 2024, која ќе се одржи викендов во Палиќ.
– Овој несекојдневен натпревар е дел од проектот Rowle, како дел од програмата Interreg VI-A помеѓу Унгарија и Србија. Натпреварувањето е од штафетен карактер и е наменето за сите возрасни категории, од пионерска па се’ до ветерани. Ќе се натпреваруваме во кадетска конкуренција каде ќе настапи Андреј Крстески, додека во сенироска конкуренција боите на клубот ќе ги бранат Исабела Димоска и Александра Маленкоска, информираат од Веслачкиот клуб „Горица Ремо“.
Додаваат дека целта на ова натпреварување е промоција на спортот и физичката активност, како и јакнењето на прекуграничната соработка помеѓу учесниците. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива