News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 22, 2024

Охрид, 22. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 25-ти октомври 2024 година, Народен Театар Охрид, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе ја репризира претставата „Кумови“ од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин.

Сите средства кои ќе се соберат од влезниците ќе бидат донирани за нашата сограѓанка Бојана Танеска Бонеска со желба за брзо и успешно опоравување, велат организаторите.

Претставата започнува во 20:00 часот, а билетите ќе се продаваат по цена од 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10:00 до 17.00 часот и од 13:00 до 20:00 часот на денот на изведбата.

На Бојана пред девет месеци и’ е дијагностициран Small Bowel Neuroendocrine Carcinoma.

Донација може да се направи и преку телефонските броеви: А1 143-450 и Телеком 143-122 (100 денари од повик), како и на сметките за донација:

денарска сметка: 200003057020079 MKD

IBAN: МК07200004151704073 AUD

IBAN: МК07200004151699514 EUR

IBAN: МК07200004151698059 SCF

IBAN: МК07200004157877153 USD

Стопанска банка АД Скопје, шифра 562, корисничко име Бојана Танеска Бонеска, цел на дознака: донација за лекување во странство.

Сите кои се во можност можат да донираат и преку GoFundMe. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука