Здравје: Имате болки во долниот дел на грбот? Киропрактиката ефикасно ја решава болката
декември 11, 2024

Охрид, 11. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Болката во долниот дел на грбот е еден од најчестите проблеми денес, а се проценува дека околу 80% од популацијата има болки во овој дел од телото во одреден период од животот.

Животните навики, брзиот начин на живот, стресот и неправилната исхрана се само дел од факторите кои го предизвикуваат овој сè пораспространет проблем.

Што предизвикува болки во долниот дел на грбот?

Постојат стотици причини зошто се јавуваат болки во долниот дел на грбот. Најчеста причина е претеран, неправилен и прекумерен физички напор кој ја надминува силата на мускулите на грбот, лигаментите и интервертебралните дискови. Неправилната положба на телото во период од неколку часа доведува до мускулна напнатост која преминува во исклучително остра болка која може да се прошири. Понекогаш таа може да биде подмолна и постепено да станува се’ посилна. Кај постарите луѓе причината е промена помеѓу пршлените и дисковите, како и гихт и артритис. Сколиозата и кифозата, како вродени дисторзии на рбетот, „помагаат“ за појава на болки во грбот и го намалуваат квалитетот на животот и го оневозможуваат извршувањето на редовните активности.

Дополнително, прекумерната телесна тежина, несоодветните обувки со превисоки потпетици, рамните стапала и хроничниот стрес исто така може да предизвикаат болки во грбот. Ризични групи се сите оние кои вршат тешка физичка работа, седечка работа, лица кои претрпеле дегенеративни промени, оние со остеопороза и вродени аномалии на ‘рбетот, како и лица со повреди и операции на ‘рбетот.

Како да се спречи болката во долниот дел на грбот и да се намалат симптомите?

Овој дел на човечкото тело е постојано под влијание на сопствената тежина и гравитацијата. Целата тежина на телото се пренесува преку овој дел на ‘рбетот. Колку пати сте почувствувале силна болка поради некое банално движење? Доколку имате чести болки кои ве мачат при седење, станување и други секојдневни активности, постои голема веројатност да страдате од механичка форма на болки во грбот. Доколку имате проблеми со спиењето, концентрацијата и продуктивноста ви се намалени, доколку пиете аналгетици, а секојдневните болки го намалуваат квалитетот на вашиот живот, крајно време е да се погрижите за вашето здравје со третмани со киропрактика. Таа е ефикасна за механички форми на болки во долниот дел на грбот, како и за докажани дегенеративни промени во ‘рбетот. Во некои случаи, можно е целосно да се отстрани, додека во други е можно да се намали непријатноста и да се намали користењето на аналгетици. Исклучително е важно уште на самиот почеток да се посветите на лекување на болестите. Откривањето на причината и корекција на симптомите е целта на овој третман. Се состои од низа нежни, избалансирани движења за време на кои киропрактичарот ја третира положбата на пршлените и ја подобрува функцијата на ‘рбетот.

Промената на животниот стил, умерената физичка активност, правилното седење и одењето на третмани во голема мера ги ублажува симптомите и го балансира целиот локомоторен и нервен систем. Со својот неинвазивен пристап, киропрактиката му овозможува на телото да функционира правилно, а со тоа да не одржува здрави и функционални.

Oд физиотерапија и кинезитерапија  Валео од Охрид Ве потсетуваат на 10 бенефити од киропрактиката:

1. Ја намалува болката во вратот или грбот
2. Ја намалува болката во ногата, коленото или стапалото
3. Ја намалува болката во раката, рамото или лактот
4. Ја подобрува комуникацијата на нервниот систем со телото
5. Го подобрува држењето на телото и флексибилноста на ‘рбетот
6. Ја подобрува подвижноста
7. Ја намалува главоболката
8. Го намалува заморот почувствуван во текот на денот и ја зголемува енергијата
9. Го подобрува спиењето
10. Ја подобрува концентрацијата

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Стручниот тим на физиотерапија и кинезитерапија „Валео“ од Охрид ви стои на располагање на улица „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“, а телефонот за дополнителни информации е 071/506-818.

– Нашиот стручен тим ќе се погрижи за вас и ќе даде се’ од себе да ги елиминира вашите здравствени проблеми и „да ја победиме болката заедно.“ Затоа, слободно контактирајте не доколку имате прашања и следете не на нашата веб страна, како и на профилите на социјални мрежи, YouTubeInstagram и Facebook, каде можете да најдете многу квалитетни материјали, вежби и совети за вас и подобрување на вашето здравје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука