Нуркачите од Центарот „Амфора“ традиционално ја накитија подводната новогодишна елка во Охрид
декември 21, 2024

Охрид, 21. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Верни на традицијата, нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, и годинава ја накитија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските во Охрид.

На овој уникатен начин, тие им ја честитаат Новата 2025 година и Божиќните празници на сите граѓани на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Facebook Нуркачки центар „Амфора“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука