Скопје/Охрид, 27. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Собранието на Република Макеоднија вечерва ги донесе Законот за учебници во основно и средно образование, Законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Законот за образование на возрасните.
Поддршка од пратениците добија и неколку зaкони од областа на културата: Законот за изменување на Законот за заштита на културното наследство, Законот за изменување на Законот за филмската дејност, Законот за изменување на Законот за издавачката дејност, Законот за изменување на Законот за музеите, Законот за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење, Законот за изменување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење, Законот за изменување на Законот за прогласување на споменичката целина Kрушево за културно наследство од особено значење, Законот за изменување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење, како и Законот за изменување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.
На седницата беа усвоени и Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, Законот за Националната рамка на квалификации, Законот за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар на население, Законот за изменување и дополнување на Законот за електронско управување и електронски услуги, Законот за изменување на Законот за финансиска дисциплина, Законот за изменување на Законот за административните такси, Законот за изменување на Законот за даночна постапка, Законот за изменување на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, Законот за изменување на Законот за супервизија на осигурување, Законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Законот за изменување на Законот за трансформација во редовен работен однос, Законот за изменување на Законот за државната ревизија, Закон за изменување на Законот за хартии од вредност, Законот за изменување на Законот за Управата за јавни приходи, како и Законот за изменување на Царинскиот закон. (Крај)
извор: А1Он.мк фото: ОхридПрес