Охрид, 26. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Драмскиот клуб при ОСУ „Св Климент Охридски“ во понеделник, 30-ти декември, премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Инспекторот“.
Претставата е инспирирана од комедијата „Ревизор“ од Николај Васиљевич Гогољ. Улогите ги толкуваат: Димитар Ѓуровски, Ѕвездан Јончевски, Анастасиа Атесленко, Јана Каралиевска, Софија Милевска, Сара Петкоска, Јана Патчева и Ангелина Бошкоска.
Премиерата на „Инспекторот“ ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18:00 часот, а цената на билетот е 100 денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 34