Претставата „Секс, лаги и љубомора“ следниот петок повторно пред охриѓани
ноември 21, 2024

Охрид, 21. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, повторно на репертоарот следниот петок, на 29-ти ноември 2024 година, со почеток во 20:00 часот.

Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак, која за оваа улога ја доби наградата за најдобра споредна женска улога за ликот на Косара на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедијата“ кој се одржа во Куманово.

Цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот и од 13:00 до 20:00 часот на денот на изведба на претставата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука