Струга, 9. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 38-годишно лице од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
– На 11-ти јули 2024 година, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 84