News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 22, 2024

Скопје, 22. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) одбележува 10 години постоење.

По тој повод, во петок, на 25-ти октомври 2024 година, во Амфитеатарот на МАНУ, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи свечена програма.

Според најавите, поздравен говор ќе има претседателот на МАНУ Живко Попов, по што е предвидено пригодно обраќање на Вера Битракова Грозданова, раководител на ИЦКН „Цветан Грозданов“.

Дел од програмата е и промоцијата на монографијата „Св. Климент Охридски 190 портрети“. Промотор на ова дело ќе биде Драган Војводиќ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука