Охрид, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Го знаете како Гого Реквием, а покрај онаа „вистинската“ – забавна магија, не му е далечна ниту музичката магија, а доказ за тоа е неговиот нов сингл „Не се предавај“.
– Оваа година бендот слави 30 години постоење и сакавме да и’ подариме нешто за нашата стара и нова публика што не следи сите овие години на нашите свирки. Иако сме најмногу познати како кавер бенд, оваа година ќе го издадеме нашиот албум и така ќе ги заокружиме овие 30 години кариера, вели Гого, лидерот на Реквием бенд.
Тој ги напиша и музиката и текстот за новата песна и е единствениот член од првиот состав на бендот. Поранешни членови се: Роберт Пирнер и Милован Станковиќ, а освен Гого денес во групата членуваат и Југослав Милановски (од 2001) и Филип Каровски (од 2021 година).
– За промоција на новата песна по подолго време, намерно го избравме 3-ти јануари, бидјеќи на овој ден, но во 1996 година бендот за прв пат настапи јавно под името „Реквием бенд“, а нашето деби се случи во култниот „Рулет клуб“ во Скопје. Инаку бендот постои од 17-ти септември 1995 година и роденденот ќе го заокружиме со голема роденденска журка во септември, вели Гого Реквием. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива