„Сите за Бојана“: Денеска хуманитарен концерт за помош на Бојана во event venue „Деспина“
октомври 13, 2024

Охрид, 13. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во event venue „Деспина“ во Охрид, денеска ќе се одржи хуманитарен концерт „Сите за Бојана“, за помош на нашата Бојана Бонеска.

– На настанот кој ќе започне во 13:00 часот ќе настапат: Камелеон, Ѓоко Танески, Urban Planet, Luger, No Fun, Backdoor Band, Балканикос, група Сарај, Dj Marama & Vlado Broz, како и ФА „Отекс“. Влезот чини 200 денари, а сите собрани средства ќе бидат донирани за лекување на Бојана, информираат организаторите.

Како толку пати претходно, охриѓани ја докажуваат хуманоста и со бројни акции и иницијативи собираат средства за помош на сограѓанката Бојана, на која пред девет месеци и’ е дијагностициран Small Bowel Neuroendocrine Carcinoma.

Донација може да се направи и преку телефонските броеви: А1 143-450 и Телеком 143-122 (100 денари од повик), како и на сметките за донација:

денарска сметка: 200003057020079 MKD

IBAN: МК07200004151704073 AUD

IBAN: МК07200004151699514 EUR

IBAN: МК07200004151698059 SCF

IBAN: МК07200004157877153 USD

Стопанска банка АД Скопје, шифра 562, корисничко име Бојана Танеска Бонеска, цел на дознака: донација за лекување во странство.

Сите кои се во можност можат да донираат и преку GoFundMe. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука