Стручен симпозиум „Ретки болести-дијагностички предизвици и терапевтски перспективи“ викендов во Охрид
октомври 12, 2024

Охрид, 12. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ од Охрид, викендов одбележува 10 години активизам за ретките болести во Република Македонија.

По тој повод, денеска и утре, 12-ти и 13-ти октомври 2024 година, во хотел „Нова Ривиера“ ќе се одржи стручен симпозиум насловен „Ретки болести-дијагностички предизвици и терапевтски перспективи“, на кој учество ќе земат истакнати професори, доктори и претставници од пациентските организации.

Во недела, на 13-ти октомври, симпозиумот ќе го отворат министерот за здравство проф. д-р Арбен Таравари, претседателот на Комисијата за ретки болести при Министерството за здравство проф. д-р Злате Стојаноски и претседателката на Здружението за ретки болести од Охрид „Ретко е да си редок“, Гордана Лолеска.

На настанот учество ќе земат проф. д-р Велибор Тасиќ, д-р Нора Абази- Емини, проф. д-р Александра Јанчевска, д-р Иван Акимовски, проф. д-р Иван Барбов, д-р Николина Смоковска, доц. д-р Никола Ѓорѓиевски, д-р Владимир Аврамовски, д-р Маја Божиновска- Смическа, д-р Сузана Арбутина и доц. д-р Данило Нонкуловски.

Стручниот симпозиум е акредитиран од Лекарска комора на Република Македонија, во рамките на програмата за континуирана медицинска едукација со 8 бода. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука