Тв Телма: Покрај Деспотовски со пријавата опфатени и се и членови на второстепената комисија за жалби по јавни набавки
декември 30, 2024

Скопје, 30. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Скопското обвинителство и Финансиската полиција нашле докази против поранешниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски и уште 7 лица: три од Бирото за јавни набавки и уште 4 лица од Државната комисија за жалби по јавни набавки дека од јануари до јули 2022 година, со незаконски тендер и неколку анекси на договорот за јавната набавка, на фирма, ѝ овозможиле таа да стекне незаконска имотна корист од 622.981.190 денари.

Тие се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањата.

– Во текот на предистражната постапка која Управата за финансиска полиција ја водеше во координација и под раководство надлежниот јавен обвинител, се обезбедија докази дека во временскиот период 26.01. до 12.07.2022 година, првиот осомничен како службено лице-директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во Скопје, заедно со три службени лица задолжени за спроведување на управната контрола при Бирото за јавни набавки и уште четири лица од Државната комисија за жалби по јавни набавки, со неизвршување на нивната службена положба, му овозможиле на едно правно лице да прибави противправна имотна корист која надминува значителна вредност од 622.981.190 денари, потенцира Обвинителството дека со неизвршување на законските задолженија, овие 8 лица ѝ го овозможиле незаконскиот профит на фирмата.

Тв Телма јави дека, според нивни извори од истрагата овие лица ја одбиле жалбата поднесена од уште еден понудувач. Во саботата Деспотовски беше повикан во полициска станица а потоа и во кривичен суд. По сослушувањето таму од страна на судија на претходна постапка беше прифатен предлогот на обвинителот за одземање на патната исправа во наредните 30 дена. За Деспотовски има истрага во финансиската полиција, а тоа го потврди и обвинителството кое отворило предмет за евентуално злоупотреби на службената положба додека директорувал со ТИРЗ зоните.

Неофицијалните информации кои се плетат во јавноста се дека пријавените злоупотреби за Деспотовски се во насока на финансиски недоследности поврзани со приватна компанија која изведувала работи во две економски зони. Деспотовски, летоска влезе и во трка за претседател на сега опозициската СДСМ и загуби од актуелниот претседател Венко Филипче. (Крај)

извор: Тв Телма/360 Степени фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука