ТикТок ќе им забрани на тинејџерите да користат филтри за разубавување
ноември 28, 2024

Њујорк, 28. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Тинејџерите се соочуваат со низа нови ограничувања околу употребата на филтрите за разубавување на ТикТок среде загриженоста за зголемена анксиозност и намалување на самодовербата. Во следните недели, корисниците помлади од 18 години нема да смеат вештачки да си ги зголемуваат очите, да си ги пополнуваат усните или да си ја измазнуваат кожата.

 

Ограничувањата ќе се однесуваат на филтри како Bold Glamour кои можат да ги променат карактеристиките на децата на начин што не може да се постигне со шминка. Комични филтри како оние кои додаваат зајачки уши или кучешки нос нема да бидат засегнати.

 

Постои широко распространета загриженост дека филтрите за разубавувања, некои обезбедени од ТикТок, други создадени од корисници, резултираа со притисок врз тинејџерите, особено девојчињата, да усвојат полиран физички изглед со негативни емоционални последици. Некои млади луѓе рекле дека по користењето филтри им се чини дека нивното вистинско лице им изгледа грдо.

ТикТок исто така објави дека ги заострува своите системи за да им забрани пристап на децата под 13 години. Пред крајот на годината ќе започне проба на нови автоматизирани системи кои користат машинско учење за да детектираат луѓе кои лажат ограничувања на возраста. (Крај)

извор:СДК фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука