Струга, 24. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од СВР Охрид ги известуваат граѓаните дека, управните служби при ОВР Струга, се префрлени во просториите на старата зграда на Општина Струга, на улицата „Маршал Тито“ во Струга.
Од утре, понеделник, 25-ти ноември 2024 година, започнуваат со редовна работа. Работното време на управните служби при ОВР Струга, останува исто – од 08:00 до 16:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 11