Охрид, 26. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти декември 2024 година, во 16:30 часот, во продажен објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведено е 46-годишно лице од Охрид, кое претходно било затекнато при кражба на помошен работен алат и прибор.
– Предметите се вратени на сопственикот на објектот и по целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 43