мај 14, 2021

Охрид, 14. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Остатоци од шанковите, градежен шут, ѓубре… Вака денес изгледаат плажите на потегот од хотел „Метропол“ до селото Пештани, каде неодамна започнаа активности за отстранување на бесправните објекти.

Без поголеми активности, само на една од плажите денес се вршеше отстранување на објектите.

Според најавите, акцијата треба ги опфати објектите на физичките или правните лица кои имаат добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на општина Охрид. Со цел да се намалат штетите, да се избегнат дополнителни трошоци и да се забрза процесот на отстранување, општина Охрид претходно упати апел до сопствениците на бесправните градби да постапат по решенијата за отстранување и сами да ги отстранат објектите.

No description available.

No description available.

Сопствениците ја обвинуваат општина Охрид за селективност и потенцираат дека плажите пред големите хотели остануваат, а нивните се рамнат со земја.

Во текот на изминатите две години, локалната самоуправа во согласност со финансиските можности реализираше активности за отстранување на платформите на угостителските објекти во потегот од месноста „Ј’но“ до населбата „Канео“, бесправни објекти на потегот во населбата „Свети Стефан“, а се спроведуваа и активности за отстранување на еден поголем сместувачки објект и две бетонски бази.

No description available.

No description available.

Од општина Охрид најавуваат дека активностите за отстранување на бесправните градби ќе продолжат тековно и последователно додека не бидат отстранети сите објекти кои ја загрозуваат животната средина и ги деградираат уникатните аспекти на регионот.

No description available.

Расчистувањето на плажите од времени објекти треба да заврши најдоцна до 15-ти јуни и истите ќе бидат уредени со песок од сливот на Охридско Езеро. Средствата за отстранување на бесправните објекти, во износ од 6 милиони денари беа обезбедени од страна на Владата на Република Македонија, а дополнителни 3 милиони денари обезбедени на последната седница на Совет со алокација на средства во општинскиот буџет. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука