Охрид, 15. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Охрид и Штип, каде се потврдени 4 позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
Во текот на последните 24 часа се направени 841 тестирање, при што се регистрирани 103 нови случаи на COVID-19. Помеѓу нив се и три новозаболени лица во Охрид и 9 во соседна Струга.
Комплетната информација за денешниот ден ОВДЕ. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: ОхридПрес
Прочитано: 80