март 29, 2020

Охрид, 29. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Директорката на охридската болница, Славица Малеска во изјава за А1он вели дека не гледа вина кај неа за случувањата со стружанката која почина од Коронавирус, а чии роднини тврдеа дека била одбиена да биде примена во инфективното одделение.

Таа вели дека за нејзиното разрешување кое го најави министерот за здравство, Венко Филипче, дознала од медиумите.

– Подготвуваме известување до министерството, иако не беше побарано од нас. Изјавата од раководителот на Инфективното одделение исто така е во Министерството за здравство. Нека се произнесе министерот, би сакала тоа да излезе од негова уста. Јас не гледам вина кај мене. Не ми е доставено известување од началникот на инфективното одделение за тоа дека пациентка била одбиена да биде примена. За случајот првпат слушнав откако излезе во порталите, вели Малеска за А1он.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: А1он фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука