Охрид, 30. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција објави дека д-р Горан Балевски е именуван за нов директор на охридската Општа болница.
Балевски е познат доктор специјалист уролог и хирург.
Тој доаѓа на местото прв човек на Општата болница во Охрид на местото на Славица Малевска- Стојадиновиќ, која беше разрешена денес, откако Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврди прекршување кај дежурниот здравствен работник во случајот со починатата шациентка од струшко Татеши од Коронавирус.
Досегашната директорка на ЈЗУ „Општа болница“ од Охрид, Славица Малеска- Стојадиновиќ денес се огласи со соопштение до медиумите во кое вели дека од нејзина страна била изготвена писмена наредба во која се наредува на раководителот и вработените на инфективното одделение непрекинато да укажуваат здравствена заштита на сите лица кои ќе се обратат за лекарска помош. Министерот Филипче на прес конференцијата упати благодарност до неа за досегашниот придонес во раководењето на болницата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охрид 1