Скопје, 12. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Зголемениот број на заразени лица ја одложи одлуката на Комисијата за заштита од заразни болести за олеснување на превентивните мерки воведени за заштита од ширењето на вирусот COVID-19.
Според најавите, Комисијата ќе одржи средба во текот на денешниот ден, кога треба да се одржи и лидерската средба во Кабинетот на Претседателот Пендаровски.
Здравствените власти, како што е најавено, препораките ќе ги донесат врз основа на статистиката од последните два дена (11.05 и 12.05.2020 година, понедленик и вторник) за состојбата со епидемијата на коронавурос COVID-19.
Според официјалните податоци на министерството за здравство, во текот на изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје 13, Прилеп 2 и Тетово 7. (Крај)
извор: АлсатМ фото: архива