Куманово, 21. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Д-р Драган Тасевски, доктор специјалист вработен на Хируршкото одделение во Општата болница Куманово, почина од коронавирус.
Докторот добил позитивен тест пред десет дена, а откако состојбата му се влошила бил лекуван на Инфективната клиника во Скопје.
Од Центарот за јавно здравје во Куманово потврдуваат дека на 9-ти октомври е потврден случај на COVID-19 на здравствен работник. Директорката од Општата болница Куманово Снежата Захариева, вели дека сите се уште се во шок од сознанието оти нивниот колега ја изгуби битката со коронавирусот.
Од COVID-19 во јули месец во ГОБ ,,8 Септември” на 64-годишна возраст, почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово. Тој беше првиот доктор во Македонија што ја загуби битката со болеста.
Неодамна почина и Дијана Димоска, медицинска сестра од Опшатата болница во Охрид. Почина на 49 години, како резултат на компликации од COVID-19. (Крај)
извор: Курир фото: Курир