Охрид, 21. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанката Гордана Лолеска е дел од македонскиот тим на Национални координатори за ретки болести.
Лолеска е долгогодишен борец за зголемување на видливоста и остварување на правата на лицата со ретки болести во Република Македонија. Веќе две сезони се емитува и проектот „Ги запознаваме ретките болести“, кој е инициран токму од Лолеска, во соработка со охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“. Третата сезона е во подготовка и ќе започне со емитување на 1-ви февруари 2021 година.
На лицата со ретки болести од неодамна им е достапна и Базата на ретки болести која претставува единствен регионален проект со цел скратување на времето до дијагноза и давање на широка поддршка на пациентите и семејствата кои се соочуваат со ретка болест и на докторите кои ги следат. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Гордана Лолеска