февруари 15, 2021

Струга, 15. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Државниот здравствен инспекторат, во придружба на полицијата денеска влезе во уште една нерегистрирана гинеколошка ординација во Струга.

Како што неофицијално дознава порталот сдк.мк, по пријава на граѓани инспекторите влегле во куќата на која немало никаков знак дека во неа се наоѓа приватна ординација. Станува збор за докторка која е редовно вработена во Струшката болница, а прегледувала пациенти и дома. Докторката немала регистрирано приватна гинеколошка ординација и со тоа нема дозвола да прегледува пациентки надвор од работното место во Струшката болница.

Ова е втор случај гинеколози од Струга да прегледуваат пациентки дома. Пред еден месец, инспекторите на Државниот здравствен и санитарен инспекторат влегоа во куќата на директорот на Струшката болница и гинеколог д-р Мухамед Асани.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: сдк.мк фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука