Охрид, 25. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 8-та седница на Наставно научниот совет при Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) се донесе одлука наставата за студентите да се изведува преку алатките Google Classroom и Google Hangouts Meet.
– Студентите ќе добиваат покана за присуство на секој предмет одделно, од страна на предметните наставници. Ако некој студент не добие покана за настава, да го контактира соодветниот професор на e-mail. За поголемиот број на предмети наставата по електронски пат и досега се одвива континуирано, информираат од охридскиот Факултет за туризам и угостителство.
Линк до изворната вест. (Крај)
извор: ФТУ фото: архива
**Во насока на полесно информирање на учениците за образовниот процес, OhridPress претходно испрати порака до сите образовни институции за слободно користење на нашата рубрика ОБРАЗОВАНИЕ преку која може да се испраќаат пораките за наставниот процес. Ова особено што се регистрирани случаи кога пораките потешко стигнуваат до учениците. И во оваа прилика ги охрабруваме да ја искористат можноста и сите пораки, линкови и објави да ги испраќаат на маил адресата [email protected].