Охрид, 12. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Покрај стандардната глетка од кајчиња, помали бродови и глисери, охридскиот канал го „краси“ и авионот кој се наоѓа од десната страна, на делот кон Центарот за обука на вода на АРМ во Охрид, кој периодов се реновира во делот на сидриштето „Билјанини извори“.
Станува збор за постаро воено летало од типот North American F-86 Sabre, нарекуван и Sabrejet, кој порано ја красеше охридската касарна.
Дел од охридските нуркачи своевремено излегоа со предлог леталото да склопи, да се исчисти од сите масла и растворливи бои, надлежните институции и екологисти да го проверат дека е прифатливо за околината, и да се потопи на одредена локација на езерото за да се направи вештачка подводна атракција.
Вакви примери имаме повеќе во светот и сето тоа значително придонесло во развивањето на туризмот, посебно на нуркачкиот, кој секоја година е се` попопуларен во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес