Охрид, 16. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во првите 4 месеци, јануари-април, од 2024 година, ТАВ Македонија, како аеродромски оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Aеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид опслужи 893.993 патници и 7.343 летови.
– Бројот на опслужени патници во овој период ги надмина бројките од 2023 година за 19%, додека бројот на летови е за 22% повисок за периодот јануари-април во 2023 година, информираат од ТАВ Македонија.
Неодамна на охридскиот аеродром пристигна и првата група холандски гости за оваа година. Со летот Амстердам-Охрид на компанијата Corendon, со леталото Boeing 737 пристигнаа 120 патници, кои ја отвораат сезоната 2024 во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24