Охрид, 17. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Да не им даваме идеи, но ако вака продолжи нашето однесување кон езерото како кон вештачка акумулација, за брзо време, сегашниот прв ред кафе барови и ресторани, може да биде втор.
– Со ова темпо, за брзо ќе може кејот да се пресели во езерото. Веќе може пешки да се оди скоро по целата должина. Направете нов кеј долу, а кај сегашниот направете нов ред кафе барови, велат на шега охриѓани, кои испратија фотографин направени утрово на овој потег.
Од почетокот на месецов нивото на водата во Охридското Езеро бележи константен пад, анализираше вчера OhridPress, кој редовно ја следи оваа исклучително важна тема, во насока на создавање постојан медиумски притисок кон одговорните.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,18 м.н.в, што е за 23 сантриметри под просекот за февруари (693,41 м.н.в), односно само 8 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода измерена утрово е 6 степени, за половина степен пониска од месечниот просек. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес