Охрид, 16. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – До редакцијата на OhridPress пристигна апел за помош на малата Светлана за чија операција, која е закажана за среда, 20-ти март 2024 година, се потребни 1.000 евра.
– Драги сограѓани и хуман народ на Македонија, потребни се 1.000 евра за Светлана, за операција на вратната кичма во болницата „Систина“. Да му помогнеме на ова девојче да има детство како сите други деца, стои во апелот.
Сите кои можат да помогнат можат да донираат на трансакциската сметка на Марија Синикоска, булевар „Туристичка“ бр. 19/1/9 со број 210-5017684214-05, а дополнителни информации можат да добијат на телефонот 076/605-116.
„Подај рака“ на OhridPress. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 116