Охрид, 22. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжениот викенд солидно го исполни Охрид со гости, а бројни туристи уште од рано утрово уживаа во прошетка во центарот на градот.
Организирани групи уште од раните утрински часови уживаа во прошетка по кејот и центарот на градот, но и во прошетка со помалите пловни објекти и бродовите. Се посетуваат најпознатите културно-историски знаменитости, а солидна исполнетост бележат и угостителските капацитети.
Синоќа градот наликуваше како да го живее шпицот на сезоната, што се’ заедно е одлична најава за уште една успешна туристичка сезона.
СИТЕ во ОХРИД! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 55