Охрид, 12. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Дискус хернија се јавува кога ’рскавицата (дискот) меѓу пршлените на ’рбетниот столб ќе се „скине“, а јадрото на дискот протекува.Како може да ви помогне физикалната терапија?
Во сите случаи, конзервативната нега (како што е физикалната терапија) често дава подобри резултати во лекувањето на дискус хернија од операција или лекови за болка, како што се опиоидите. Вашиот физиотерапевт ќе работи со вас за да дизајнирате специфична програма за лекување која ќе го забрза вашето опоравување, вклучително и вежби и третмани што можете да ги направите дома. Физикалната терапија ќе ви помогне да се вратите во вашиот нормален начин на живот и активности. Времето потребно за лекување на состојбата варира, но резултатите може да се постигнат за 2 до 8 недели или помалку, кога се спроведува соодветна положба на држење, намалување на болка, истегнување и зајакнување на мускулите.
Во текот на првите 24 до 48 часа по дијагностицирањето на дискус хернија, вашиот физиотерапевт треба да ве извести:
• избегнувајте било која активност што предизвикува влошување на симптомите во рацете или нозете.
• Избегнувајте предолго лежење.
• Останете активни, одете на кратки прошетки неколку пати на ден. Болката и вкочанетоста ќе се намалат а движењето и ќе ви помогне да се чувствувате подобро.
• Ставете мраз на болното место/регија неколку пати на ден во кратки временски интервали.
• Консултирајте се со лекар за понатамошни услуги, како што се лекови или дијагностички тестови.
Некои вежби ја подобруваат состојбата кај лицата со дискус хернија. Вашиот физиотерапевт ќе ве едуцира за нив. На пример:
• Вежбите во вода може да бидат одличен начин да останете физички активни кога другите форми на вежбање се болни.
• Вежбите кои вклучуваат многу ротации или свиткување, можеби нема да ви бидат корисни. Вашиот физиотерапевт ќе дизајнира индивидуализирана програма за вежбање за да ги задоволи вашите специфични потреби.
• Вежбите со тежина, иако се многу важни, треба да се направат во соодветна форма за да се избегне стресот кон грбот и вратот.
Вашиот физиотерапевт ќе работи со вас за:
– Намалување на болките и другите симптоми. Вашиот физиотерапевт ќе ви помогне да разберете како да ги избегнувате или менувате активностите што ја предизвикале повредата, па заздравувањето може да започне. Вашиот физиотерапевт може да користи различни видови третмани и технологии за контрола и намалување на болката и симптомите.
– Подобрување на положбата на телото. Ако вашиот физиотерапевт смета дека лошото држење на телото придонело за вашата дискус хернија, терапевтот ќе ве научи како да го подобрите вашето држење, така што притисокот ќе се намали во повредената регија, а лекувањето може да започне и да напредува што е можно побрзо.
– Подобрување на движењето. Вашиот физиотерапевт ќе избере конкретни активности и третмани за да помогне да се врати нормалното движење во сите зглобови. Може да се започне со „пасивни“ движења кои физиотерапевтот ги врши за да го движите вашиот ’рбет и да напредувате до „активни“ вежби. Овие вежби можете да ги извршувате дома и на работното место за да го забрзате лекувањето и олеснувањето на болката.
– Подобрување на флексибилноста. Вашиот физиотерапевт ќе утврди дали имате мускулен спазам и скратена мускулатура,за да почне да ви помага да ги истегнете мускулите и ќе ве научите како да ги истегнувате дома.
– Подобрување на силата. Ако вашиот физиотерапевт утврди дека вашите мускули се слаби, ќе избере и ќе ве научи, вежби за враќање на вашата сила. За дискус хернија на вратот и задниот дел, јакнење на горниот дел од телото за да се врати силата и координацијата на мускулите околу грбот, колковите, стомакот и карлицата.
– Подобрување на издржливоста. Враќањето на мускулната издржливост е важно по повредата. Вашиот физиотерапевт ќе развие програма за активности кои ќе ви помогнат да ја повратите издржливоста што сте ја имале пред повредата и истата да ја подобрите.
– Програма во домашни услови. Вашиот физиотерапевт ќе ве научи да ги зајакнувате, истегнувате мускулите и ќе ви даде вежби за намалување на болката кои треба да ги изведувате дома. Овие вежби ќе бидат специфични за вашите потреби; ако ги направите како што е пропишано од вашиот физиотерапевт, можете да го забрзате вашето закрепнување.
– Враќање на активностите. Вашиот физиотерапевт заедно во вас ќе го утврди нивото на активност. Вашата програма за лекување ќе ви помогне да ги постигнете своите цели најбезбедно, најбрзо и најефикасно. За повреди на ‘рбетот како дискус хернија, вашиот физиотерапевт може да ве научи на правилен начин за извршување на некои активности и подигнување на тешки предмети – со што ќе се заштити вашиот ’рбет од понатамошни повреди.
Откако вашата болка ќе исчезне, ќе ви биде важно да продолжите со новите навики за да го задржите грбот здрав и без болка.
После операција
Во ретки случаи, операцијата е неопходна за да се спречи трајно оштетување на нервот или на ‘рбетниот мозок. Ако се подложите на оперативно лекување на дискус хернијата, вашиот физиотерапевт ќе соработува со вас и вашиот хирург за да ви помогне побрзо да ги вратите движењата и силата и да ви помогне да се вратите на нормалниот животен стил што е можно побрзо.
Може ли да се спречи оваа повреда или состојба?
За да се спречи појава на дискус хернија, треба да:
• Користете соодветна позиција на телото при подигање, туркање, влечење или изведување на какво било дејство кое го зголемува притисокот на вашиот ‘рбет.
• Одржувајте здрава тежина. Ова ќе го намали притисокот на ‘рбетниот столб.
• Престанете да пушите.
• Разговарајте за вашата професија со физиотерапевт, кој може да обезбеди анализа на вашите работни задачи и да ви понуди предлози за намалување на ризикот од повреда.
• Чувајте ја вашата мускулна сила и флексибилност. Учествувајте во конзистентна програма за физичка активност за одржување на здраво ниво на фитнес.
За да се спречи повторување на дискус хернија, следете го горенаведениот совет и:
• Продолжете со новите навики, добро држење на телото и движење кои сте ги научиле од вашиот физиотерапевт, за да го задржите ’рбетот здрав.
• Продолжете да ја вршите програмата за вежби која ве научил физиотерапевтот.
• Продолжете да бидете физички активни.
Центарот за физикална терапија Валео се наоѓа на улица „АСНОМ“ во населбата „Бејбунар“. Побарајте ги и на нивниот официјален профил на Facebook или на телефонот: 071/506-818.
Првиот дел ОВДЕ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива