Охрид, 13. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во атарот на црквата „Св. Петка“ во селото Велгошти ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.
Ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго, по што ќе се обрати претставник на општина Охрид. Беседа за Живко Чинго ќе одржи академик Ала Генадјевна Шешкен, а манифестацијата ќе биде заокружена со културно – уметничка програма.
На победничката на конкурсот за најдобар расказ Драгана Лукан Николоски ќе и биде врачена наградата во вредност од 30.000 денари.
Манифестацијата почнува во 20:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 38